Полицијата во Црна Гора соопшти дека се` уште трае истрагата против лицето одговорно за активирање на бомба пред американската амбасада во Подгорица, пред да се самоубие.
По синоќешниот напад, полицијата ја засили безбедноста, а нејзини претставници додадоа дека причинета е помала материјална штета.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека персоналот на амбасадата соработува со полицијата за откривање на мотивите на напаѓачот и зголемување на мерките за безбедност на вработените.
САД воспоставија дипломатски односи со Црна Гора во 2006-та година, веднаш по отцепувањето од Србија.
Facebook Forum