Линкови за пристапност

Научниците креирале магнетски монопол


Тим истражувачи креирал, идентификувал и фотографирал синтетички магнетен монопол кој само теоретски се претпоставувало дека е можен.

Меѓународни научници, работејќи на колеџот Амхерст, во Масачусетс, известија дека успеале во креирање, идентификување и фотографирање на синтетички магнетен монопол.

Вообичаено, без оглед колку големи или мали, сите магнети имаат северен и јужен пол. Пред повеќе од 80 години британскиот теоретски физичар Пол Дирак предвиде дека магнетски монополи се можни, но дека никогаш не се најдени во природа.

Тим од научници предводен од физичарот и професор Дејвид С. Хол вели дека синтетички магнетски монополи биле креирани во рамки на екстремно студен атомски гас. Тимот успеал да фотографира монополи на краевите на малечки вртлози на ултра студен гас.

Научниците велат дека истражувањето на синтетички електрични и магнетски полиња брзо се шири и може да води кон развој на нови материјали, како што се суперпроводници кои пренесуваат струја без губиток на енергија.
XS
SM
MD
LG