Линкови за пристапност

Прекинат синџир за перење пари во Лос Анџелес


Федералните власти заплениле 65 милиони долари во кеш и банкарски сметки

Властите во САД велат дека разбиле криминален синџир низ кој што биле испрани десетици милиони долари од нарко картели преку бизниси во Лос Анџелес, Калифорнија.

„Ја истражуваме шемата наречена „Размена на пезото на црниот пазар“, и веруваме дека тоа е широко распространет проблем во модниот дистрикт, каде бизнисите често се инволвирани во меѓународна трговија“, изјави Роберт Дагдел, од Канцеларијата на јавниот правобранител на САД.

Федералните власти заплениле 65 милиони долари во готово и во банкарски сметки, откако направиле рација на модните бизниси во градот во средата.

Девет лица се упасени. Властите веруваат дека нарко картелите го переле профитот преку компании во развиена меѓународна мрежа за перење пари.

XS
SM
MD
LG