Линкови за пристапност

Со „Молотов коктел“ против Амбасадата на САД!


Скопјанец фрлил шише со запалива течност кон објектот затоа што бил „револтиран од филм што го гледал на телевизија“.

Ноќта меѓу четвртокот и петокот, непосредно пред полноќ, лицето А.Н. (35) пришло на дваесетина метри од главниот влез на Амбасадата на САД во Скопје и фрлило „Молотов коктел“, но не успеало да дофрли до објектот, според информациите од Министерството за внатрешни работи, а како што пренесуваат македонските медиуми. Ши­ше­то со за­па­ли­ва теч­ност пад­на­ло пред вле­зот на Амба­са­да­та, така што немало ниту жртви, ниту е причинета материјална штета.

Откако го фрлил „Молотвиот коктел“, скопјанецот избегал до своето патничко возило и го напуштил местото на настанот. Но, набргу предизвикал сообраќаен инцидент, откако се судрил со друго возило.

Според соопштението на МВР, А.Н. „движејќи се по улицата Ферид Бајрам во правец на нас. Железара, предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во автомобил ’Тојота Карина’, кое се движело од спротивниот правец, а било управувано од А.Ф. (30) од село Стајковци. По сударот, таа излегла од нејзиното возило, во кое што како сопатници имало уште две лица, пришла до ’Југото’ за да провери во каква состојба е возачот. По кратка расправија со возачот на ’Југото’ (кој бил со видлива површинска повреда во пределот на левата страна од челото), истиот, откако излегол од возилото, почнал да се фали дека ’ги запалил Американците’“.

Екипа на Итна помош го транспортирала лицето во болница, каде му е санирана повредата на челото, а потоа А.Н. е приведен во полициската станица во Кисела Вода, каде му е направен алкотест според кој имал 1,59 промили алкохол во крвта.

На полицискиот увид, во возилото на А.Н. е пронајдена пластична канта со бензин и празно шише со парче ткаенина. А.Н., против кого ќе биде поднесена кривична пријава, на прашањето зошто го фрилил запаливото средство, одговорил дека бил „револтиран од филм што го гледал на телевизија“.
XS
SM
MD
LG