Кина денес го заврши годишниот состанок на Националното народно собарние. За време на еднонеделниот собир, највисокиот лидер на Кина Шји Џјинпинг дополнително ја зацврсти својата контрола на власта, како што законодавците ги одобрија одлуките донесени од Комунистичката партија.
Само мал број делегати гласаа против кој било од предлозите. Овде, поентата е да се прикаже хармонија, а не дебата или несогласување.
Практично сè што се случило оваа недела било напишано. Всушност, тешко е да се замисли нешто да се случи што не се очекувало.
Но, тоа открива нешто важно за тоа како Комунистичката партија и Шји Џјинпинг драматично ја проширија својата контрола врз државата.
На оваа завршна седница делегатите донесоа закон со кој се заострува партиската контрола врз владиниот кабинет.
Предлогот помина 2.883 спрема 8.
„Премиерот навистина се` повеќе игра координативна улога. Во таа смисла, всушност, малку е незгодно Ли да излезе и да му се поставуваат прашања за целиот спектар на нешта, кога тој не може да зборува со толкав авторитет за тоа“, вели Дали Јанг од Универзитетот на Чикаго.
Наместо тоа, власта лежи кај Шји, кој се чини дека е подготвен да владее со Кина на неодредено време.
И она што го сака Шји е континуиран акцент на националната безбедност, особено во услови на забавување на економијата.
„Кога има помалку работни места, очигледно многу луѓе стануваат фрустрирани и, се разбира, тоа значи дека раководството и лидерите, навистина низ хиерархијата на кинеската партиска држава, се многу посвесни за предизвиците и се обидуваат да ја зачуваат стабилноста“, вели Јанг.
Оваа недела, делегатите донесоа неколку мерки за проширување на казните против оние кои се закануваат на владеењето на партијата.
Кина ова го нарекува процес на демократија. Тоа е, исто така, систем со кој се` повеќе владее само еден човек.