Линкови за пристапност

Остра осуда за нападот во Могадишу


Семејствата започнаа да ги погребуваат своите најблиски во Могадишу, по огромната експлозија во саботата, при што загинаа 276 лица, а повредени се 300.

Сомалиската влада во денешното соопштение, вели дека отворила центар за итни случаи, за да помогне во напорите по катастрофата. Владата воедно прогласи тридневна жалост, а знамињата се спуштени на половина копје. Претседателот Мохамед Абдулахи Фармаџо го осуди нападот како „варварски“.

Министерот за информации Абдирахман Осман, преку Твитер кажа дека Кенија, Етиопија и Турција испраќаат медицинска помош до Сомалија. Турција најави и дека ќе прими и одреден број пациенти за да им се укаже соодветен третман.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Во меѓувреме, демонстранти се собраа на улиците, обвинувајќи ја Ал-Шабаб. Но, од милитантната организација којашто вообичаено стои зад нападите во Могадишу, засега нема реакција. Сомалиската влада и експерти за тероризам силно веруваат дека Ал-Шабаб е одговорна за делото.

Американскиот Стејт департмент најостро го осуди овој напад.

„Среде овој нечувствителен и кукавички акт, САД ќе продолжат да бидат рамо до рамо со владата на Сомалија, нејзиниот народ и нашите меѓународни сојузници, за да му се спротивставиме на тероризмот и да ги поддржиме напорите за постигнување мир, безбедност и напредок“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Меѓу стотиците повредени во овој напад, е и дописникот на Гласот на Америка во Могадишу, Абдулкадир Мохамед Абдули, но тој се нооѓа вон животна опасност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG