Линкови за пристапност

Модерна тестира вакцина за коронавирус на 30.000 возрасни луѓе


Американската биотехнолошка фирма Модерна соопшти дека започнала испитувања на 30.000 возрасни лица со цел да се тестира ефикасноста на новата вакцина против коронавирус.

Испитувањата започнаа во Савана, Џорџија во понеделникот во координација со Националниот институт за алергија и заразни болести како дел од операцијата за производство и дистрибуција на вакцина. Савана е едно од десетиците локации избрани за тестирање низ целата држава.

Во САД во моментов има повеќе од 4 милиони потврдени инфекции и близу 147.000 смртни случаи, според универзитетот Џон Хопкинс, кој ја следи инфекцијата ширум светот. Коронавирусот предизвикува болест КОВИД-19.

Претходно овој месец, Модерна објави дека вакцината предизвикала силни имунолошки реакции, иако дошло со благи или умерени несакани ефекти како што се замор, главоболки, треска и болки во мускулите.

Две различни експериментални вакцини - едната развиена во соработка меѓу британскиот универзитет Оксфорд и британско-шведскиот производител на лекови Астра Зенека, а другата од кинеската биотехничка фирма Кан Сино Биолоџикс - предизвикаа силни имунолошки реакции во испитувањата врз луѓе, покажуваат две студии објавени во британскиот медицински магазин „Лансет“.

https://www.voanews.com/covid-19-pandemic/experimental-coronavirus-vaccines-continue-show-promise-human-trials

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG