Линкови за пристапност

По Фајзер и Модерна објави дека нејзината вакцина е ефикасна кај лица од 12 до 17 години


Од таму велат дека прелиминарните истражувања покажале дека вакцината ги активира истите знаци на имунолошка заштита кај младите како и кај возрасните

Американската фирма за биотехнологија Модерна денес изјави дека неодамнешните испитувања на нејзината вакцина за ковид, покажуваат дека е безбедна и ефикасна кај адолесценти на возраст од 12 до 17 години. Компанијата соопшти дека ќе ги достави наодите до американската администрација за храна и лекови (ФДА) следниот месец за одобрување во итни случаи.

Во соопштението објавено на својата веб-страница, Модерна рече дека во тестирањата се вклучени повеќе од 3.700 лица од 12 до 17 години. Од таму велат дека прелиминарните истражувања покажале дека вакцината ги активира истите знаци на имунолошка заштита кај младите како и кај возрасните, и истиот вид на привремени несакани ефекти како што се болки во рацете, главоболка и замор.

Во изјавата, извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, рече дека компанијата е охрабрена од резултатите и рече дека ќе ги достави до ФДА, како и до другите глобални регулатори, на почетокот на јуни за да побараат овластување.

На почетокот на овој месец, вакцината произведена од Фајзер стана првата одобрена за употреба кај адолесценти во САД и Канада. Европскиот регулатор на лекови, Европската агенција за лекови (ЕМА) во моментов ја разгледува вакцината на компанијата за употреба кај млади лица.

И „Фајзер“ и „Модерна“ започнаа со тестирање дури и кај помлади деца, од 11 години до 6-месечни бебиња. Тоа тестирање е посложено. Додека тинејџерите ја примаат истата доза како возрасните, потребни се помали дози за помали деца. Експертите се надеваат дека резултатите од тие испитувања ќе бидат готови подоцна оваа година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG