Линкови за пристапност

Истраги за работодавците кои создаваат модерни робови


Да се апсат работодавците кои создаваат модерни робови
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Да се апсат работодавците кои создаваат модерни робови

Една од мерките да се реши проблемот е да се покренат постапки против осомничени лица во Македонија за да се утврди одговорност, вели Ниха Мисра од Солидарниот центар за трговија со луѓе во Вашингтон

Кога има политички проблеми, владеењето на правото не функционира и тешко може да се избегне трговија со луѓе и експолатација на работната сила, вели Ниха Мисра од Солидарниот центар за миграција и трговија со луѓе во Вашингтон.

„Секогаш кога има политичка турболенција се одзема вниманието на јавноста од ова прашање. Една работа која ме загрижува во политичка криза е корупцијата, и неможноста да се обезбеди владеење на правото, што навистина е важно да се спречи оваа појава, и да се заштитат жртвите на трговија со луѓе“, изјави Мисра за Гласот на Америка, по повод последниот извештај за модерно ропство на Стејт департментот, според кој Македонија исполнува минимум стандарди за решавање на овој проблем.

Таа вели дека лошата економска состојба во Македонија и високата стапка на невработеност, од околу 30 проценти, е главна причина за злоупотреба на човековиот труд.

„Знам дека во Македонија има многу работници кои ја напуштаат државата за работа на други места. Понекогаш треба да им платат на оние што им нудат работа, па земаат заем или ветуваат дека ќе им платат кога ќе почнат со работа, иако на крај не ја добиваат таа работа. Така што се доведуваат во ситуација да не можат да заминат кога некој ги злоупотребува оти веќе имаат направено долг“, објаснува Мисра.

Според неа Владата има огромна одговорност во решавање на овој проблем.

„Мислам дека првата одговорност на Владата е да ги заштити сите луѓе, независно дали се државјани, бегалци или мигранти. Тоа е особено важно сега, со бегалци од Сирија на границата. Еден начин да се направи тоа е да има доволно персонал во Министерството за труд и социјална политика, за контролирање на лицата што нудат работа. Треба да се зајакнат македонските амбасади во странските земји, така што ако Македонци патуваат во Западна Европа, на пример, амбасадите да имаат капацитет да ги обезбедат потребните услуги“, смета Мисра.

Додава дека една од мерките да се реши проблемот е да се покренат постапки против осомничени лица за модерно ропство, за да се утврди одговорност.

„Една од препораките за Македонија во извештајот на Стејт департментот е да има повеќе обвиненија и апсења на луѓе кои ги принудуваат луѓето во Македонија на модерно ропство“, вели таа.

Според неа, прв чекор за решавање на проблемот е Македонија да работи на кревање на свеста. Работниците треба да се информирани за нивните права и да се организирани во синдикати, кои можат да се поврзат со синдикални организации во други држави, за да дознаат кои работни места се легални, а кои не.

XS
SM
MD
LG