Линкови за пристапност

Мнозинството граѓани сметаат дека ЕУ е нефер кон земјава, но сепак Унијата ја сметаат за најдобар избор


Знамињата на ЕУ и С. Македонија
Знамињата на ЕУ и С. Македонија

Повеќе од 60 проценти сметаат дека ЕУ е најдобар избор за земјава, а над 36 отсто сметаат дека тоа не е добар избор за иднината и дека треба да се бара посебен модел на развој.

Мнозинството граѓани во Северна Македонија сè уште сметаат дека членството во Европската Унија е добра работа. Така се изјасниле речиси 53 отсто од испитаниците во истражувањето на Евротинк, т.н. Евробарометар во кое учествувале повеќе од 1 000 граѓани. Повеќе од 60 проценти сметаат дека ЕУ е најдобар избор за земјава, а над 36 отсто сметаат дека тоа не е добар избор за иднината и дека треба да се бара посебен модел на развој. 55,8 проценти рекле дека односот на ЕУ кон земјава е нефер, надмен и уценувачки, додека 27,5 проценти рекле дека е фер и пријателски.

„Кога можеме да очекуваме влез зво ЕУ – тука гледаме една голема разочараност. Најголем процент, 30 отсот, рекле дека никогаш нема да влеземе. Втора најпопуларна бројка е дека ќе влеземе во ЕУ за 10 до 14 години. Гледаме дека во 2021 постоел најголем ентузијазам, а потоа драстично паѓа“, вели Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк.

Во делот на демократските процеси во Македонија, 56 отсто од прашаните рекле дека нема демократија во земјава. 62 проценти сметаат дека државата се движи во погрешна насока што е намалување за 10 отсто споредено со лани кога така одговориле 72 проценти.

На прашањето „Дали постои држава или меѓународна организација која претставува закана за Македонија, 48 отсто одговориле 'да', 46 'не'“.

„Од оние кои рекле дека постои закана за државата, 79 отсто од нив кажале дека е Бугарија. За двојно се зголемил бројот на граѓани кои сметаат дека Бугарија е закана за земјава“, вели Николовски.

Кога станува збор за тоа кој е најголем пријател – тука вообичаено прва е Србија со речиси 40 отсто поддршка. Втори се САД со 13,7 проценти, па следат Турција, ЕУ, Гермнанија, Косово, НАТО, Русија...

Истражувањето покажало дека најголемиот дел од граѓаните – 56,5 отсто за политичките теми се информираат преку интернет, а 43,5 проценти преку телевизија. Социјалните мрежи се покажуваат како највисоко рангиран извор за политички информации за кои се изјасниле 90% од испитаниците.

XS
SM
MD
LG