Линкови за пристапност

Денот на Мартин Лутер Кинг одбележан во време на пандемија и насилство


Празникот е на два дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Бајден

Американците денеска го слават Денот на Мартин Лутер Кинг во услови на глобална пандемија што принуди многу настани да се префрлат на интернет и во време кога земјата се соочува со закани за политичко насилство околу инаугурацијата на новоизбраниот претседател eо Бајден.

Секоја година на третиот понеделник во јануари, Американците му оддаваат почит на убиениот водач за граѓанските права кој во 1950-тите и 60-тите организираше ненасилни протести против сегрегацијата на југот на државата, за еднаквост на црнците и правото на глас.


На празникот традиционално зборуваат луѓе кои ја слават работата на Кинг со учество во проекти за општокорисна работа. Сепак, пандемијата и предупредувањата за можно насилство во градовите низ државата влијаеја на одбележувањето оваа година.

Празникот доаѓа само два дена пред инаугурацијата на Бајден во Вашингтон, која се очекува да ја обезбедуваат 25.000 војници на Националната гарда по минатонеделното насилство во американскиот Капитол, каде толпа поддржувачи наТрамп упадна во зградата оставајќи пет лица мртви.

Федералните власти изјавија дека некои од инволвираните во немирите биле бели супремацисти. Тие предупредија на потенцијално понатамошно политичко насилство во Вашингтон и во главните градови на сојузните држави низ целата земја.

Националното шеталиште во Вашингтон е затворено за пошироката јавност за време на инаугурацијата, а системот за јавен превоз во градот е драматично ограничен поради заканите пред Денот на инаугурацијата.

Изменето прославување

Проектите за служење на заедницата сè уште се одвиваат на поширокото подрачје на Вашингтон, но организаторите ги избегнуваат областите затворени за јавноста и ги почитуваат упатствата за социјално дистанцирање, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Заедницата во Рестон, Вирџинија, ја одржува својата 36-та годишна прослава за животот на Кинг со проекти како чистење на отпадоци и подготвување оброци за сиромашни и бездомници.


Други групи од Вашингтон му оддаваат почит на Кинг преку интернет. Театарот Фолгер во Вашингтон ќе ја одржи годишната почит кон Кинг со читања од говорите на Кинг, додека Националниот музеј за афроамериканска историја и култура организира бесплатен виртуелен концерт.

Во Атланта, Џорџија, Националниот историски парк Мартин Лутер Кинг Џуниор, кој ја опфаќа куќата каде што е роден Кинг, исто така, виртуелно го слави празникот. Објектот е затворен од средината на март поради пандемијата.

Во Монтгомери, Алабама, каде Кинг некогаш бил проповедник, Меморијалниот центар за граѓански права во петокот одржа виртуелен настан во знак на сеќавање на наследството на Кинг. Пред настанот, директорот на центарот, Тафени Инглиш, во изјавата рече: „Во светлина на настаните од изминатата недела, јасно е дека треба многу да се работи за борба против белите супремацисти во оваа држава и да се осигура дека ветувањето за движењето за граѓански права на кое Доктор Кинг го посвети својот живот е целосно реализирано “.

Движење за ненасилство

За Кинг, клучот за успех на движењето за граѓански права беше неговата стратегија на ненасилен протест, која тој ја поддржа како алтернатива на вооруженото востание. Кинг рече дека бил инспириран од учењата на индискиот лидер Махатма Ганди.

Движењето беше тестирано на места како Бирмингем, Алабама, каде полицијата употреби кучиња и исфрлувачи на оган против учениците кои протестираа, и во Селма, Алабама, каде маршот од 1965 година се памети како „Крвава недела“, заради полицискиот напад врз демонстрантите.

Само неколку недели по мирниот марш на Вашингтон во 1963 година, кој привлече 250.000 луѓе, и црни и бели, трагедија го погоди Бирмингем, Алабама. Експлодираше бомба во Баптистичката црква на 16-та улица за време на неделното училиште, при што загинаа четири девојчиња и беа повредени уште 23 други.

Некои Афроамериканци сакаа да се одмаздат, вклучително и членови на милитантната група позната како Црни пантери.

Сепак, ненасилното движење остана на курсот по што, во 1964-та година претседателот Линдон Џонсон го потпиша Законот за граѓански права со кој се забранува расна сегрегација на јавни места и Кинг ја доби Нобеловата награда за мир.

Следната година, Законот за право на глас забрани практики што се користеа за да ги спречат црнците да учествуваат на избори.

Животот на Кинг заврши со насилство кога во 1968 година, на 39-годишна возраст, беше убиен во Мемфис, Тенеси, каде што ги поддржуваше санитарните работници кои штрајкувале.

XS
SM
MD
LG