Линкови за пристапност

Американците му оддаваат почит на Мартин Лутер Кинг


Во понеделник е федерален празник што го означува роденденот на Мартин Лутер Кинг Џуниор .

Американците со почит се сеќаваат на борецот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор во понеделник, на федерален празник што го означува неговиот роденден.

Кинг беше баптистички свештеник кој се бореше против дискриминација и расизам во 1950-те и 1960-те, главно на југот во САД, каде црнците биле подложени на нееднаков третман во општеството и повремено биле цел на насилство.

Врз Кинг, кој беше поборник за ненасилни протести, беше извршен атентат во1968 на возраст од 39 години. Сега има споменик во негова чест во Вашингтон.

Кинг доби проминентност по водењето на успешните протести против сегрегацијата во автобусите во Монтгомери, Алабама. Според тој систем, црнците требало да седат назад, и доколку возилото било полно, тие требало да го отстапат местото на белци.

Значајниот Акт за цивилни права од 1964 ја направи сегрегацијата незаконска. Истата година Кинг доби Нобелова награда за мир.
XS
SM
MD
LG