Линкови за пристапност

50-години од атентатот на Мартин Лутер Кинг


50 години од атентатот на Мартин Лутер Кинг
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Поборникот за граѓански права организаираше маршеви и мобилизираше милиони за да ги застапуваат овие права во САД. Преку филозофијата на ненасилство, тој помогна во забрзување на усвојувањето на два главни закона во 20-от век-Законот за граѓански права од 1964-та година и Законот за правото на глас од 1965-та година

Девети април, 1968-ма, последниот марш на Мартин Лутер Кинг Јуниор.

Неколку дена претходно, на 4-ти април, Џејмс Ерл Реј, изврши атентат врз Кинг на балконот на мотелот Лореин во Мемфис, Тенеси. Тој подоцна беше обвинет за стореното дело.

Преку 100.000 лица се собраа на улиците во Атланта, родниот град на Кинг, додека се движеше поворката со ковчекот.

Меѓу присутните беше и активистот за човекови права, свештеникот Џеси Џексон.

За време на церемонијата на отворање на споменикот на Кинг во Вашингтон во 2011-та година, Џексон, за Гласот на Америка, изјави:

„Тој е навистина симбол на моќ и правда, на мир и помирување, но ние треба да добиеме одредени големи битки, за да дојдеме до тоа помирување“, изјави Џеси Џексон, лидер за граѓански права.

„Битката за Монгомери вклучуваше конфронтација и издржливост за да се победи“, додаде тој.

Борбите во Алабама беа за правото на гласање, недозволиво за црното население на американскиот југ. По ова уследи поголемо полициско насилство против цивили во градот Селма, што се претвори во таканаречената "Крвава недела".

Насилството предизвика револт на национално ниво.

„Мора да му кажеме на светот дека е неопходно да протестираме против ова зло, од проблемите на одземање на правото на глас, до полициската бруталност“, се едни од познатите зборови на Кинг.

Неколку дена подоцна, со судска одлука, Кинг доби дозвола да предводи илјадници демонстранти на марш од Селма, до главниот град на Алабама, Монгомери.

По една година, претседателот Линдон Џонсон го потпиша Актот за граѓански права, со што стана закон. Стратегијата на Кинг за ненасилен протест, доведе до потпишување на Актот за правата на глас од 1965-та.

Потоа уследи најпознатиот Марш на Вашингтон во 1963-та година.

Околу 250.000 луѓе се собраа да го слушнат незаборавниот говор на Кинг на Националното шеталиште.

Тоа беше сон за слобода и еднаквост во земјата изградена на грбот на поробените.

Усвојувањето на Актот за граѓански права, во 60-те години прeдизвика правни промени, но активистите велат дека вистинската промена честопати бавно се одвива.

„Денес сме различна и подобра нација, во смисла што варварските закони, нецивилизираните закони на расен апархејд, не постојат, со што се затвори социјалниот јаз. Но, што се однесува до економскиот јаз - слободни сме, но помалку еднакви“, кажа Џексон.

Наследството на Кинг на мирен протест и натаму живее, а неодамна беше присутно и во Маршот за нашите животи во Вашингтон. Организаторите за собирот за поголема контрола на оружјето, проценуваат дека имало 800.000 присутни - меѓу нив, внуката на Кинг.

„Мојот дедо имаше сон дека неговите четири деца нема да проценувани заради бојата на нивната кожа, туку по содржината на нивниот карактер“, изјави Јоланда Рене Кинг.

Пред атентатот во 1968-та, на Мартин Лутер Кинг му беше доделена Нобеловата награда за мир, за неговата ненасилна кампања за еднаквост. Денес, преку 100 училишта и преку 900 улици во САД, го носат неговото име.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG