Американскиот претседател Барак Обама ќе му оддаде почит на Мартин Лутер Кинг Џуниор за време на годишниот национален празник – роденденот на убиениот лидер за граѓански права.
Обама и неговата сопруга Мишел ќе учествуваат во настан во понеделник во Вашингтон, додека членовите на кабинетот на претседателот ќе присуствуваат на настани низ цела држава.
Кинг беше баптистички свештеник кој се борел против дискриминација во 1950-те и 1960-те главно на југот на САД.
Тој станал познат по водењето на успешни протести против сегрегација во автобускиот систем во Монтгомери, Алабама.
Во 1964, САД го усвоија Актот за цивилни права со кој сегрегацијата стана незаконска. Кинг доби Нобелова награда за мир истата година.
Тој беше убиен во атентат на 4 април, 1968, во Мемфис, Тенеси.