Линкови за пристапност

Младиќ одби да сведочи


Поранешниот командант на армијата на Босанските Срби беше повикан како сведок на одбраната за Караџиќ.

Поранешниот командант на армијата на Босанските Срби Ратко Младиќ се појави пред судот за воени кривични дела на ОН во Хаг, но одби да сведочи како сведок на одбраната за поранешниот претседател на Босанските Срби Радован Караџиќ.

Младиќ се појави пред трибуналот за поранешна Југославија во вторник, нарекувајќи го судот „сатански суд“ и инстирајќи дека не сака себе си да се инкриминира.

Младиќ на почетокот сосема одби да сведочи, но потоа кажа дека ќе настапи доколку официјаните лица му ги донесат вештачките заби. Кога му биле донесени, се премислил и одбил да сведочи.

Младиќ и Караџиќ се на суд за наводни воени кривични дела што произлегуваат од тригодишната војна во Босна што заврши во 1995. Постапките за двајцата се одвоени.
XS
SM
MD
LG