Линкови за пристапност

Следниот месец пресуда за Младиќ


Тој се соочува со 11 обвиненија за геноцид, воени и злосторства против човештвото

Судиите на Обединетите нации следниот месец ќе ја донесат пресудата за поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, обвинет за воени злосторства извршени за време на конфликтот на Балканот во текот на 1990-те години.

Младиќ, кого го нарекуваат „касап на Балканот“, е последниот војник кој се соочува со обвиненија за воени злосторства во судот што беше формиран за справување со последиците од војната во Босна којашто траеше од 1992-та до 1995-та година.

Младиќ се соочува со 11 обвиненија за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, поради наводната улога во раководење на снајперски кампањи во Сараево и убиството на 8.000 муслимани во Сребреница.

Обвинителите побараа од Меѓународниот кривичен трибунал да му одреди доживотна казна затвор. Минатата година, обвинителот Алан Тиегер рече дека казна помала од доживотен затвор би било „навреда за жртвите, живите и мртвите, и навреда за правдата“.

Адвокатот на Младиќ, Драган Иветиќ, изјави дека обвинителите сакаат поранешниот генерал да биде „симболично жртвено јагне за вината“ на сите Срби за време на војната.

Тој побара Младиќ да биде ослободен од сите обвиненија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG