Новите ракетни технологии, вклучувајќи ги и хиперсоничните системи способни да се движат со 25 пати поголема брзина од брзината на звукот, ја поттикнуваат новата глобална трка за вооружување, покажува новиот извештај на аналитичката група Европската мрежа за лидерство.
http://www.europeanleadershipnetwork.org/policy-brief/missile-control-its-not-rocket-science/
Истражувањето предупредува дека тоа што овој месец пропадна Договорот за нуклеарни сили со среден домет меѓу САД и Русија е само најнов пример за растечкиот притисок врз глобалната безбедносна слика. Според нив, итно се потребни нови договори за да се спречат заканите од технологиите во подем.
Системот „Авангард“ овозможува прикачување на редовна интерконтинентална балистичка ракета на „летало“ кое се движи со повеќе од 11.000 километри на час по работ на атмосферата, а потоа го ослободува оружјето кога ќе се најде над својата цел.
Русија изврши тестирање на хиперсоничниот ракетен систем „Авангард“ во декември минатата година. Москва соопшти дека „Авангард“ е способен да ги избегне сите постоечки одбранбени системи.
Системот „Авангард“ овозможува прикачување на редовна интерконтинентална балистичка ракета на „летало“ кое се движи со повеќе од 11.000 километри на час по работ на атмосферата, а потоа го ослободува оружјето кога ќе се најде над својата цел. Може да носи нуклеарен или конвенционален товар.
САД, Кина и Австралија развиваат свои системи, вели авторката на извештајот, Катарзина Кубиак, од Европската мрежа за лидерство.
„Овие системи ќе ги надминат постојните ракетни системи со нивната брзина и можностите за маневрирање и ќе можат потенцијално да ги заобиколат сите постојни системи за противвоздушна и ракетна одбрана во наредните години. Покрај тоа, сведоци сме на истражувања за анти-сателитски технологии, кои вклучуваат проектили.“
Во извештајот се вели дека меѓународната заедница итно треба да го стави предметот за проектилите повисоко на политичката агенда, вклучувајќи и зајакнување на постојните мерки и транспарентност на договорите за нови технологии.
Facebook Forum