Паулина Вега, Мис на Колумбија, е новата Мис на универзумот, по освојувањето на круната во неделата навечер во близина на Мајами.
Дваесет и двегодишната Вега е пред Ниа Санчез од САД, која го освои второто место и Дијана Каркуша, на третото, од Украина.
Вкупно 88 натпреварувачки задоа учество на натпреварот, кој е отворен за жени меѓу 18 и 27 години, кои не биле мажени, ниту имаат дете.
Вега, која студира бизнис администрација на Универзитетот на Богота, е првата натпреварувачка од Колумбија што ја добила титулата од 1958 наваму.