Линкови за пристапност

Кара Мекулог е новата Мис на САД


Кара Mекулог од главниот град Вашингтон, е новата Мис на САД за 2017-та.

Дваесет и пет годишната хемичарка, вработена во Американската комисија за нуклеарна регулатива, сега ќе ги претставува САД на Мис на Универзумот.

Мекулог на церемонијата во Лас Вегас, кажа дека има желба да ги инспирира децата за кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката.

Таа е родена во Италија, а израснала во „Вирџинија бич“, сојузната држава Вирџинија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG