Дешауна Барбер, 26-годишна офицерка во американската армија од Вашингтон, е крунисана за Мис на САД, церемонија што традиционално синоќа се одржа во Лас Вегас. Убавицата ќе ја претставува земјата на манифестацијата Мис на универзумот што ќе се одржи подоцна годинава.
Барбер, командант на единицата за логистика стационирана во Форт Меад, сојузната држава Мериленд, во близина на главниот град, претходно работела како аналитичарка во Канцеларијата за информатика при Одделот за трговија.
„Како жена во американската армија, сметам дека сме силни како и мажите. Како командант на мојата единица, јас сум моќна и посветена“, одговори Барбер на прашањето за позицијата на жените во воени операции.