Линкови за пристапност

Мис на САД се надева дека ќе стане симбол на подеднаквата можност


Мис на САД се надева дека ќе стане симбол на подеднаквата можност
Мис на САД се надева дека ќе стане симбол на подеднаквата можност

Најновата Мис на САД - 24-годишната Американка – либански имигрант Рима Факих се надева дека нејзиното освојување на титулата ќе им помогне на муслиманите и другите малцинства да живеат без страв од дискриминација

Најновата Мис на САД - 24-годишната Американка – либански имигрант Рима Факих се надева дека нејзиното освојување на титулата ќе им помогне на муслиманите и другите малцинства да живеат без страв од дискриминација.

Во интервју за Гласот на Америка, Факих истакнува дека нејзината титула покажува дека САД и натаму се земја на подеднакви можности за сите. Факих, која ја освои титулата неделата во Лас Вегас, е првата Американка од арапско потекло и муслиманка која ја освоила титулата, според официјалните податоци.

Нејзината победа предизвика големо национално и меѓународно внимание. Некои конзервативни муслимани ја критикуваа што учествувала на изборот, наведувајќи дека исламот тоа го забранува.

Факих ја отфрла критиката, велејќи дека изборите на убавица се популарни во Либан. Таа за Гласот на Америка кажа дека заедно со семејството не се дефинира единствено според верата, како и дека ги почитува сите вери.

Факих ќе ги претставува САД на иборот на Мис на светот во Лас Вегас во август.

XS
SM
MD
LG