Линкови за пристапност

Misinformation - збор на годината


Многу е важно да се направи разлика помеѓу овој збор и дезинформација, велат од онлајн англискиот речник Dictionary.com

Лажни вести. Пост-факти. Ехо комора.

Ова се некои од зборовите кои најчесто се пребарувани во текот на оваа година, поради кои онлајн англискиот речник Dictionary.com го избра зборот „Misinformation“ за збор на 2018-та година.

„Видовме дека многу зборови кои се пребаруваат се однесуваат на односот на луѓето кон вистината, кон фактите. Тоа не доведе до зборот Misinformation“, вели Џејн Соломон, лингвист во Dictionary.com.

Секој септември, Соломон ја прегледува базата на податоци на компанијата за да види што најмногу луѓето пребарувале. Потоа, заедно со тим од Dictionary.com определуваат кој збор го сумира интересот на луѓето за таа година. Минатата година беше избран зборот „соучесник“.

Соломон вели дека зборот „Misinformation“ беше очигледен избор за 2018 година. Компаниите за социјални медиуми се под голем притисок од јавноста поради тоа како лажните или неточните информации се шират преку нивните мрежи, ги разгоруваат емоциите и внесуваат конфузија.

Зборот „„Misinformation“ е стар збор, но годинава тој се враќа на голема врата. Соломон вели дека е многу важно да се направи разлика помеѓу „„Misinformation“ и „дезинформација“. [[ https://www.dictionary.com/e/word-of-the-year/?param=DcomSERP-RR1 ]]

„„Misinformation“ е лажна информација која се шири без оглед дали постои или не постои намера да се шири заблуда", вели таа. „Дезинформацијата е лажна информација која има за цел да шири заблуда.“

„Можете да бидете добар човек и се уште да ширите неточни информации“, додава таа.

Меѓу најпребаруваните зборови годинава се и „репрезентација“, „самодоверба“ и „повратна реакција“.

Англискиот речник Dictionary.com го избра зборот „Misinformation“ за да ги поттикне луѓето да размислат за нивната улога во ширењето на неточни информации кои доведуваат во заблуда, вели Соломон.

„Постојат активности кои што можеме да ги преземеме за да ги спречиме неточните информации и нивното ширење“, рече таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG