Линкови за пристапност

Безбедноста и рударската професија


Најсмртоносна година била 1907, со 3.242 забележани смртни случаи

Рударството сеуште се смета за една од најопасните професии, но подобрувањето на технологијата, поригорозните безбедносни стандарди и владината регулатива драматично го намалиле бројот на загинати во рудниците последниот век во САД.

Рударски несреќи прилично често се случуваа, со експлозии, пожари и уривање, убивајќи и повредувајќи илјадници луѓе секоја година од 1880-те до првата четвртина од 20-от век.

Американската Администрација за безбедност и здравје во рударството вели дека најсмртоносна година била 1907, со 3.242 забележани смртни случаи. Тоа беше истата година кога се случи најголемата рударска несреќа со 358 убиени работници при експлозија во рудник за јаглен во Западна Вирџинија.

Јавните повици за подобрување на безбедноста го натера Конгресот да креира Американско биро за рударство во 1910 за истражување на несреќите и давање совети на индустријата. Тоа, во комбинација со почетокот на употребата на автоматски рударски машини, доведе до намалување на смртни случаи во индустријата за над 90 проценти во текот на изминатиот век.

Сепак, рударските несреќи сеуште се случуваат со одредена честота. Во 2006, 12 рудари загинаа во експлозија на метан во рудникот Саго во Западна Вирџинија. Една година подоцна, рудник се урна во Јута при што беа убиени шестмина рудари и тројца спасувачи.

XS
SM
MD
LG