Линкови за пристапност

Дали нашата галаксија содржи звуци на блуз?


Како ротацијата на галаксијата е претворена во музика

Продуценти на документарни и играни филмови, при обработка на теми како вселена, честопати користат драматична музичка позадина.

Но, професорот по астрономија на Универзитетот на Масачусетс, Марк Хејер, вели дека универзумот или попрецизно, нашата галаксија, Млечниот пат, звучат токму така.

„Идејата ја имав подолго време и неодамна технологијата овозможи некој како мене да има пристап и преку алгоритамот, да може брзината да се претвори во ноти“.

Визуелната светлина што доаѓа од далечниот свет, со себе носи многу информации коишто можат да се анализираат со спектроскоп. Хејер изработил комјутерска програма со чија помош, движењата на големите облаци на атоми или молекули на различни елементи, се претвораат во музика.

Одвреме-навреме, за различни гасови, на пример, овој професор додава различни музички инструменти, како саксофон или клавир. Тој го издвои атомскиот гас, што исполнува поголем дел од вселената меѓу ѕвездите. „Притоа користам специфичен звук на бас“, вели Хејер.

„Стимулира, и тоа ја издигнува музиката, а во случајов, дрвените удирачки инструменти многу помагаат во тоа“, додава тој.

„По бројни експерименти со алгоритмот, и ноти на само еден од инструментите, добив звук налик на убав блуз или џез“, рече Хејер. Тој бил изненаден кога за прв пат дознал дека ротацијата на нашата галаксија всушност има свој ритам, а привлечниот блуз се чини одлично се вклопува во него.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG