Линкови за пристапност

Претставничкиот дом изгласа укинување на забраната за служба на хомосексулци на армијата


Претставничкиот дом изгласа укинување на забраната за служба на хомосексулци на армијата
Претставничкиот дом изгласа укинување на забраната за служба на хомосексулци на армијата

Претставничкиот дом на САД го усвои предлогот за укинување на забраната за хомосексуалци отворено да служат во американската армија

Претставничкиот дом на САД го усвои предлогот за укинување на забраната за хомосексуалци отворено да служат во американската армија.

Мерката беше усвоена со 234 гласови ЗА и 194 против, откако сенатската комисија за оружени сили претходно ја одобри.

Амандманот ја укинува политиката „Не прашувај, не кажувај“ од 1993-та, што им овозможуваше на хомосексуалците да служат во армијата се` додека јавно не се произнесат за сексуалната ориентација.

Американскиот претседател Барак Обама издаде соопштение во кое ја поздрави конгресната акција како „важен двопартиски чекор кон целосно укинување“.

Тој рече дека легислативата ќе им помогне на американските вооружени сили да бидат уште посилни и посеопфатни со тоа што ќе им се дозволи на војниците -хомосексулаци и лезбејки да служат „чесно и со интегритет“.

Републиканците беа против амандманот и истакнуваат дека Конгресот треба да чека со одлуката додека не заврши ревизијата што е во тек и која треба да покаже какво би било влијанието на ваквата одлука.

Мерката секако нема да стапи во сила се` до разгледувањето од страна на армијата, кое треба да се случи во декември.

XS
SM
MD
LG