Линкови за пристапност

Милатовиќ за Гласот на Америка: Црногорската надворешна политика секогаш е усогласена со ЕУ, верувам во членство за време на мојот мандат


ПОДГОРИЦА - Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за Гласот на Америка изјави дека како претседател ќе биде апсолутно посветен на европскиот пат на земјата и дека Црна Гора може да стане членка на ЕУ за време на неговиот мандат, нагласувајќи дека црногорската надворешна политика „секогаш ќе биде усогласена со ЕУ“.

„Навистина верувам дека во следните пет години Црна Гора може да стане членка на ЕУ. Тоа нема да падне од небо, треба да ги засукаш ракавите, треба да се фокусираш на тоа нешто. Од позиција на претседател апсолутно ќе бидам посветен на нашиот европски пат“, изјави Милатовиќ во ексклузивното интервју за Гласот на Америка.

Милатовиќ, кој на изборите одржани во неделата убедливо го победи долгогодишниот црногорски лидер Мило Ѓукановиќ, рече дека „ако Црна Гора го исполни својот дел од работата, во интерес на ЕУ е Црна Гора што поскоро да стане нејзина полноправна членка, за и тие да испратат порака дека проширувањето о е сè уште живо“.

Милатовиќ најави дека како претседател на Црна Гора прво ќе го посети Брисел, за да испрати „симболична и важна“ порака дека „Црна Гора направи важен чекор кон полноправно членство во ЕУ и со неделната победа на изборите“.

Милатовиќ рече дека неговото „Движење Европа сега има цврсти позиции кога е во прашање надворешната политика на Црна Гора“, наведувајќи дека тоа е „кредибилно членство во НАТО, вистинска европска интеграција и добрососедски односи“.

Милатовиќ рече дека „нивниот партнер и по вонредните парламентарни избори ќе биде тој што работи на таа позадина“, и додаде дека „кој не работи, нема да биде партнер“.

Зборувајќи за односите со Москва, Милатовиќ рече дека „Русија извршила агресија некаде, врз суверена земја како Украина“ и дека Црна Гора се приклучила на санкциите воведени од ЕУ, додавајќи дека „сака војната во Украина да заврши што е можно поскоро."

„Надворешната политика на Црна Гора е и секогаш ќе биде целосно усогласена со политиката на ЕУ и тоа ќе биде основата на надворешната политика што ќе ја промовирам како претседател“, рече Милатовиќ.

Реториката на релација Црна Гора - Србија да биде европска

Зборувајќи за идните односи меѓу Црна Гора и Србија, Милатовиќ смета дека реториката мора да биде различна во сите обраќања.

„Таа реторика едноставно повеќе не може да биде реторика од деведесеттите. Мора да биде европска, граѓаните го очекуваат тоа... и само со таква реторика можеме сите заедно да одиме напред“, рече тој.

Милатовиќ, кој се залага за иницијативата Отворен Балкан, вели дека тоа е „најпрво економска приказна која произлезе од земјите од регионот, пред се Србија и Албанија“, и дека е „целосно комплементарна со другите економски интеграции во регионот, како што е Берлинскиот процес“.

„Најлесно е да се застане на страна и да се каже дека тоа е стремеж на овие или на оние. Мислам дека треба да престанеме со таа реторика. Ова е реториката на оние кои не знаат да им понудат на граѓаните на Црна Гора ништо друго опипливо“, вели Милатовиќ.

Тој нагласува дека приоритет број еден е полноправното членство на Црна Гора во ЕУ, но „темелот и паралелниот процес на се' се секако регионалните економски интеграции“.

„Регионалната економска интеграција на Западен Балкан е нераскинлив дел од европската интеграција“, тврди Милатовиќ.

„Победникот на неделните избори оцени дека неговата победа е „победа на помирената Црна Гора“, како и дека е „убедлива и веродостојна“, а на оваа позадина ќе се засноваат и неговите први чекори како претседател на државата.

„Испративме порака дека во Црна Гора има доволно поделби и дека треба да свртиме нов лист“, вели Милатовиќ.

Партнерство само со истомисленици во надворешно-политичките позиции

Новоизбраниот претседател на Црна Гора ја смета за искрена поддршката што ја доби од владејачкото мнозинство и наведува дека „не мора да се согласувате со сите да застанете во заеднички блок за заедничка цел, како што беше случајот во вториот круг од претседателските избори“.

Тој потсетува дека за време на предизборната кампања разговарал за претседателските избори со мнозинските партии, но дека „се уште не разговарал за парламентарните избори“.

Милатовиќ наведува дека ваквите разговори ќе бидат во фокус дури по парламентарните избори, но не исклучува дека, како што вели, „ќе има некаква дискусија за тоа кога конечно ќе го добиеме датумот на парламентарните избори“.

Тој потсети и дека пред Уставниот суд е иницијатива за оценка на уставноста на одлуките што Ѓукановиќ како шеф на државата ги донел во врска со Указот за распуштање на Собранието и распишување вонредни парламентарни избори за 11 јуни и наведува дека „битно е судот што поскоро да одлучи за ова“, за, како што вели, „да има предвидливост на процесот во наредниот период“.

На прашањето дали тоа значи дека, доколку Уставниот суд ја оспори одлуката на Ѓукановиќ, неговата одлука како нов претседател ќе оди во насока на одложување на датумот на изборите или евентуално предлагање нов мандат, Милатовиќ одговори дека „прво ние треба да се чека одлуката на Уставниот суд“.

„Но, ако одлуката на Уставниот суд е таква... суд си е суд. Мора да научиме во Црна Гора дека има поделба на власта. Од позиција на претседателот на Црна Гора, не сакам однапред да коментирам каква би можела да биде таа одлука, можам само да ги поканам да ја донесат што поскоро за да има политичка предвидливост во земјата“, вели Милатовиќ и додава дека „неговиот политички став е дека Црна Гора треба што поскоро да има парламентарни избори за да добие политички стабилна влада“.

Милатовиќ вели дека сега не може да зборува за идниот состав на владата и собранието, посочувајќи дека за тоа ќе одлучат граѓаните. Тој тврди дека Европското движење сега ќе има значително политичко присуство.

„Легитимното политичко право на секоја политичка партија е да влијае на процесите, но ако знаеш кој си и што си, не мора да коалицираш со оние кои политички не ти одговараат“, вели Милатовиќ и додава дека „ДПС како партија која не е реформирана, во однос на програмирањето, апсолутно не е соодветна“.

Запрашан да ги коментира неговите претходни изјави дека „целосно ја исклучува соработката со ДПС во овој момент“, Милатовиќ вели дека соработката со партијата на актуелниот претседател е „апсолутно непожелна“ и дека „од позиција на претседател на државата , ќе го даде мандатот на оној кој ќе покаже дека има мнозинство во Собранието“.

„Мојот политички став е дека соработката со ДПС, сега, по овие парламентарни избори што ќе се одржат во јуни или септември...а ќе бидат во следните неколку месеци, е апсолутно непожелна“, рече Милатовиќ.

XS
SM
MD
LG