Линкови за пристапност

Мијалков во Обвинителството го чека решението за притвор


Екс-шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, околу 17 часот, како што мистериозно исчезна, така мистериозно се појави пред вратите на Обвинителството за организиран криминал, за да му биде врачено решението за куќен притвор. Наводно „самиот се изолирал бидејќи имал симптоми на коронавирус“. Рече дека „не знаел што се случува и длабоко жали за непријатностите“:

„Имав симптоми на Ковид-19, висока температура и силни главоболки. Се изолирав. Сабајле разбрав што се случило, дојдов да си го подигнам решението за куќен притвор. Дадов збор дека нема да бегам.“

Во моментов прес-конференција држи премиерот Зоран Заев кој вели дека Мијалков „се предал бидејќи имало координирана акција и немало можност да побегне“.

Пред тоа, попладнево, првиот човек на полицијата Оливер Спасовски кажа дека Мијалков „сеуште е во државата“. Останува нејасно, меѓу останатото, зошто покрај сите овие информации била распишана меѓународна потерница.

XS
SM
MD
LG