Група европски и африкански лидери се согласија за план, со кој проверките на Африканци кои бараат азил во Европа, ќе се вршат во нивните родни земји, наместо да се изложат на опасни патувања низ Средоземното Море.
Францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на Самитот во Париз, чија цел е изнаоѓање начини за подобро справување со илегалната миграција, а договорот го нарече „најнепосреден и најефикасен одговор“ на кризата.
Според Меѓународната организација за миграција, годинава по морски пат во Европа пристигнале околу 121.000 лица, а огромно мнозинство од нив, во Италија.
Во заедничкото соопштение се истакнува потребата да се започне со преселба на бегалците во Чад и Нигер, со цел прекин на активностите на шверцување. Процесот на бегалците ќе им овозможи законски да одат во Европа, доколку се наоѓаат на листата на Агенцијата за бегалци на ОН за подобни кандидати, и ако се регистрирани кај властите во Нигер и Чад.
Facebook Forum