Линкови за пристапност

Мигрантите на границата меѓу Полска и Белорусија наводно заминуваат, објави АП


Мигрантите во импровизираниот камп на западната граница на Белорусија се отстранети со автобуси, изјави денес полски владин претставник.

Илјадници мигранти, главно од Блискиот Исток, се заглавени во кампот од 8. ноември. Повеќето бегаат од конфликти и нестабилност дома, барајќи подобар живот во Германија или други земји во Западна Европа.

Вчера, полските безбедносни сили долж границата употребија водени топови и солзавец кон мигрантите кои фрлаа камења, откако Полска ја обвини владата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека им обезбедува димни гранати и друго оружје.

Но, денес, полскиот заменик-министер за внатрешни работи, наводно рекол дека тензиите биле смирени и оти кампот, кој сега е затворен, има помалку луѓе.

„Добив информации дека Лукашенко ги обезбедил првите автобуси во кои мигрантите се качуваат и заминуваат“, изјавил министерот, според Асошиетед прес.

Агенцијата рече дека информацијата тешко може да се провери поради ограничувањата за новинарите од двете страни на границата меѓу Белорусија и Полска.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и агенцијата Франс прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG