Линкови за пристапност

Ситуацијата на македонско-грчката граница е нормализирана


Migrants - Macedonia
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Инцидентот кај Идомени ги разбранува дипломатските односи меѓу двете земји

Атина, преку својот амбасадор, прати два демарша за вчерашните насилства на граничната линија, додека Скопје објасни дека од грчка страна нема соодветна комуникација и асистенција за во иднина да се избегнат ваквите случаи. Од 20-мината повредени припадници на македонските безбедносни служби, само еден е задржан на лекување.

Ситуацијата на македонско-грчката граница се нормализира по вчерашните инциденти и обидот на поголеми групи мигранти да влезат на територија на Македонија. МВР потврди дека во Гевгелија и околината е зголемено полициското присуство и дека единиците се подготвени да интервенираат ако има потреба од заштита на границата. Од 15-те повредени полицајци и 9 припадници на армијата само еден полицаец, поради сериозноста на повредите е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите се вратиле на работа.

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска информираше дека шефот на канцеларијата за врски во Скопје, амбасадорот Теохарис Лалакос, упатил два остри демарша во врска со како што се вели во соопштението, неприфатливите инциденти што се случија кај Идомени.

„Амбасадорот Лалакос на најкатегоричен начин, јасно стави на знаење дека употребата на насилство со ништо не придонесува за решавање на проблемот со бегалците, и е во директен судир со одредбите од меѓународното и хуманитарното право“, стои во соопштението. Лалакос ги повикал овдешните власти да се издигнат над ситуацијата и да манифестираат соодветна одговорност, воздржаност и сериозност.

Македонското Министерство за надворешни работи пак излезе со соопштение дека македонските власти побарале вклучување на грчките полициски сили во услови кога постојано се случуваат напади од грчка територија.

„Организираните масовни и координирани обиди за илегален премин на границата, што се случија вчера, според многу аспекти, вклучувајќи ја и вмешаноста на активисти на невладини организации, имаат карактеристики и наликуваат на сличниот инцидент за масовно илегално преминување на границата од 14-ти март годинава во кој беа инволвирани 2.500 мигранти“, стои во соопштението на МНР. Во него се вели дека различни извештаи говорат дека во обидот да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство, мигрантите биле поттикнати, заведени и организирани од активисти на невладини организации. „Било регистрирано и дистрибуирање на летоци кои содржеле лажни информации дека штом мигрантите успеат да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство тие ќе можат непречено да го продолжат својот пат до земјите членки на ЕУ“, соопштува МНР кое нотира дека во судирите не бил повреден ниту еден мигрант и дека постојано се упатуваат барања за соработка и размена на информации со грчките служби за превентивно да се делува. Во немирите, покрај повредените полицајци и војници оштетени се и неколку возила на МВР и АРМ.

XS
SM
MD
LG