Линкови за пристапност

Нема зголемување на бројот на мигранти на македонско-грчката граница


Владата уверува дека се преземаат мерки да не се повтори ситуацијата од 2016

Ситуацијата на македонско-грчката граница засега е мирна. Информациите на нaдлежните се дека нема зголемување на бројката на мигранти и дека се` уште нема конкретни најави за можен нов бегалски бран по комплицирањето на состојбата на премините од Турција кон Грција, каде се блокирани илјадници мигранти.

Границата ја чуваат и единици на МВР и Армијата, како и припадници на Фронтекс.

„Можам да ви кажам дека и армискиот контингент тука го зголемивме, не можам да зборувам за бројки бидејќи тоа се класифицирани информации, меѓутоа го зголемивме. Не во очекување на некој голем бегалски бран, меѓутоа во очекување на тоа што евентуално може да се случи, да не не фати неподготвени. Знам дека истото се случува и со единиците на вработените од МВР. Ве уверувам, сите надлежни органи се тука и се будни, анализираат и разменуваат информации, така што практично не можам да видам ситуација во која ќе бидеме изненадени“, изјави претседателот Стево Пенадровски.

Засега и во транзитниот центар состојбата е нормална, без зголемен број на бегалци.

И владата уверува дека се преземаат мерки да не се повтори ситуацијата од 2016.

„Засега нема мигранти што се движат кон нас, од вчера го пдоигнавме нивото на подготвеност на границата. Максимално сме подготвени“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Ситуацијата на грчко-турската граница ескалираше откако властите во Анкара, која на своја територија има околу 4 милиони бегалци, најавија дека веќе нема да ги запираат мигрантите во намерата да стигнат до земјите на ЕУ.

Од минатата недела илјадници беглаци се обидуваат да преминат од Турција на грчка територија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG