Линкови за пристапност

Расте бројот на бегалци кои илегално ја поминуваат македонската граница


Криумчари на мигранти македонската граница
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Криумчарите користат се` пософистицирани методи и наплаќаат се` повисоки суми, предупредуваат хуманитарните работници

Иако балканската мигрантска рута речиси веќе две години е затворена, бројот на криумчари на мигранти постојано се зголемува, тврдат хуманитарните работници.

Не само што се користат пософистицирани начини на транспорт на овие луѓе, туку за нивните услуги се наплаќаат и големи суми на пари. Велат дека нивниот број расте напоредно со зголемувањето на бројот на бегалци кои пристигнуваат во земјата.

„Нивните активности се многу зголемени и многу модифицирани. Сега ги носат и со луксузни возила, постојано ги менуваат автомобилите. Моите информации говорат лично од бегалците, а тоа е дека од една до друга граница цената се движи по 1.000 евра, и за деца се наплаќаат 500 евра“, изјави хуманитарната работничка Ленче Здравкин.

Голем број лица и понатаму Македонија ја користат како транзитна дестинација за да стигнат до Западна Европа.

Но, од невладината организација „Легис“ велат дека покрај движења од Македонија кон Србија, биле сведоци и на враќање назад во Грција. Оваа организација уште пред две години отворила канцеларија во пограничното село Лојане на македонско-српската граница со цел следење на движењата на бегалците.

„Тоа не се одвива на организиран начин меѓу соседните држави, туку на илегален начин. Се оставени во критична состојба да бидат лесна мета на криумчарите и останатите криминалци, кои во минатото исто така им наштетувале“, вели Мерсиха Смајловиќ од „Легис“.

Од македонската полиција велат дека во 2017-та година, биле откриени 19 случаи во обид да се прокриумчарат 218 мигранти, најмногу од Пакистан, Авганистан и Ирак. Против 36 лица биле преземени мерки на кривичен прогон.

Од почетокот на оваа година, биле откриени нови четири случаи во обид да се пренесат 33 мигранти. Разбиена била и криминална група, како дел од меѓународна мрежа инволвирана во вршење на вакви активности.

Од МВР додаваат дека минатата година биле спречени преку 4.000 обиди за илегални преминувања, најмногу на границата со Грција, додека во јануари оваа година имало 314 обиди.

Здравкин вели дека никој не може да каже што ќе се случува во иднина, и дали може да се очекува нов бегалски бран. Инаку во двата транзитни центра во Гевгелија и „Табановце“, во моментот се згрижени 34-ца бегалци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG