Линкови за пристапност

Спасени 6.500 мигранти на северниот брег на Либија


Спасувачките тимови соопштија дека мигрантите патувале од Сомалија и Еритреја

Во серија од 40 спасувачки мисии на северниот брег на Либија во понеделникот, Италијанската спасувачка служба и неколку партнерски агенции, спасиле околу 6.500 мигранти, кои патувале од Сомалија и Еритреја, соопштија спасувачките тимови.

Спасувањето, кое може да се види на видео, ги покажува мигрантите како во очај скокаат од рибарски бродчиња да допливаат до брегот со спасувачките бродови, носејќи бебиња и деца.

Акцијата била извршена со координиран напор меѓу Италијанската спасувачка служба, „Лекари без граници“ и „Фронтекс“, агенција на Европската унија за контрола на границите.

Слична спасувачка акција имало во истиот дел во неделата, при што биле спасени над 1.100 мигранти.

Според Меѓународната организација за миграција, досега околу 106.000 мигранти успешно стигнале до Италија, додека 2.726 го изгубиле животот.

XS
SM
MD
LG