Линкови за пристапност

Најмалку тројца мигранти настрадаа во пожар на брод во близина на италијанскиот брег


Италијанската полиција соопшти дека најмалку тројца мигранти загинале, шестмина се повредени, а еден се води како исчезнат откако нивниот брод се запалил во Јонското Море, во близина на брегот на Италија во неделата.

На видеото на крајбрежната стража може да се види бродот во пламен и морнарите како френетично се обидуваат да ги спасат мигрантите во водата.

Во меѓувреме, зголемиот број на мигрантите кои пристигнуваат во Италија предизвика протести на медитеранскиот остров Лампедуза


Полицијата соопшти дека моторот на бродот, најверојатно се запалил и експлодирал додека се движел во пристаништето. Не е јасно колку мигранти имало првично на бродот. Според медиумите, 21 мигрант бил на бродот кога пристигнал, но 13 од нив веќе биле придружувани на брегот од италијанската полиција пред пожарот.

Новинската агенција АНСА објави дека полицијата го придружувала чамецот со преостанатите мигранти до пристаништето Кротоне во Калабрија кога се случил пожарот.

Неколку мигранти се здобиле со сериозни изгореници и биле однесени во болницата во Кротоне.

Во меѓувреме, зголемиот број на мигрантите кои пристигнуваат во Италија предизвика протести на медитеранскиот остров Лампедуза. Градоначалникот Тото Мартило повика на „генерален штрајк“ во кој се бара поголема помош од италијанската влада, откако со стар риболов брод 450 мигранти допловија на островот.

Италијанските власти реагираа со испраќање на уште три карантински фериботи на островот, при што едниот треба да пристигне во понеделник и уште два во среда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG