Линкови за пристапност

Имиграциската криза во Германија избегната, барем засега


Канцеларката Ангела Меркел кажа дека ќе разговара со соседните земји за прашања поврзани со миграцијата. На повидок се можни и поостри мерки за азил

Најновата имиграциона криза во Европа за момент денеска беше избегната, откако германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека ќе разговара со соседните земји за прашања поврзани со миграцијата. Ова се случи откако нејзиниот политички сојузник, Христијанска социјална унија, ѝ даде рок од две недели да ги заостри правилата за азил.

Меркел истакна дека не сака да види Германија унилатерално да ги врати имигрантите на границата. Но за разлика од неа, министерот за внатрешни работи Хорст Сихофер, се залагаше за забрана на мигрантите, потег што можеби претставува закана на 70-годишното сојузништво меѓу двете конзервативни партии. Меркел изјави дека неоправданото одвраќање на мигрантите од германската граница, би можело да има домино ефект насекаде во Европа.

Во меѓувреме, канцеларката ја прифати понудата на Христијанската социјална унија во Баварија, за одложување на забраната до јули, а со која би се блокирал влез на мигрантите кои претходно биле регистрирани во други земји на Европската Унија, за да добијат азил во Германија.

Таа воедно се согласила и на барањето на оваа партија, за забрана за прием на луѓе кои претходно биле протерани од Германија. Меркел рече дека се надева оти ќе се постигнат договори за имиграција со другите европски земји пред и на претстојниот самит на ЕУ, закажан за крајот на следната недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG