Линкови за пристапност

Бројот на мигранти на пат за Европа го надмина бројот од еден милион за 2015


Ова важи за најголем наплив од крајот на Втората светска војна, наваму

Меѓународната организација за миграција со седиште во Женева ги обелодени бројките денеска, според кои еден милион и 5.504 мигранти од Африка и Блискиот Исток преминале во континентот преку комбинација од илегални рути на копно и море.

Половина од нив се бегалци од Сирија, каде од петгодишниот граѓански конфликт, преку 200.000 загинале, а милиони се раселени. По нив следат бегалци од другите две воени жаришта, Авганистан и Ирак.

Бегалците се упатувале кон Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар за време на годинава што изминува, од кои преку 800.000 во Грција пристигнале по морски пат. Околу 3.600 го загубиле животот или исчезнале на преминот меѓу Северна Африка и Италија преку Медитеранот.

Меѓународната организација за миграција додава дека помалку од 35.000 мигранти, или околу 3 проценти, влегле во Грција и Бугарија преку Турција.

XS
SM
MD
LG