Линкови за пристапност

Шпанија станува број еден европска дестинација за мигранти


Според граничната служба на Европската унија „Фронтекс“, бројот на мигранти во Италија се намалува

Шпанија ја надмина Италија како број еден дестинација за мигрантите, кои го поминуваат Средоземното море за да стигнат во Европа.

Според граничната служба на Европската унија „Фронтекс“, во јуни бројот на мигрантите кои доаѓаат во Шпанија се зголемил за 166 проценти во споредба со минатата година, и изнесува речиси 6.400, меѓу кои најмногу од Мароко, Гвинеја и од Мали.

Бројот на мигранти, кои ја користат таканаречената централна медитеранска рута до Италија и Малта, беше за 3.000 лица помалку, односно пад од 87 проценти од јуни минатата година.

На почетокот на оваа недела, пет европски држави Франција, Шпанија, Германија, Малта и Португалија, се согласија да преземат 450 мигранти, спасени од италијанската Влада, откако Рим првично одби да ги прифати сите.

Министерот за внатрешни работи Матео Салвини, на неговиот Твитер профил напиша дека посветеноста и обединетоста се исплатат.

„Мојата цел е да го спасам секој. Да му помогнам секому, да го излечам и да го нахранам. Но, да избегнам секој да дојде во Италија“, изјави тој подоцна за новинарите.

Обединетите нации велат дека еден во седум мигранти се дави при поминување на Средоземното море, откако Италија ги забрани бродовите на невладините организации.

Строгата имиграциона политика на Италија го намали бројот на мигранти, но, на трагичен начин, а Европската унија се` уште се труди да најде начин како да одговори, велат аналитичарите.

Во меѓувреме, Шпанија не е веројатно да види огромен број мигранти што доаѓаат од Либија и Италија.

„Бидејќи почетна точка на африканската страна би била Мароко“, додаваат аналитичарите.

Генерално, вкупниот број на таканаречени нерегуларни премини за мигрантите во Европската унија, во првата половина на 2018-та година бил повеќе од 60.000, што претставува пад за речиси половина од бројот минатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG