Линкови за пристапност

Средба на министрите за внатрешни работи на ЕУ за мигрантската криза


Во меѓувреме, Германија привремено повторно воведе пасошка контрола на границата со Австрија за да го ограничи напливот на бегалци и мигранти.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел ќе дискутираат за споделување на одговорноста за навидум бескрајниот наплив бегалци во Европа. Ова се случува еден ден откако Унгарија вети дека судски ќе ги гони лицата коишто незаконски би ја минале границата.

Делови од Европа, особено источно-европските земји, ја обвинуваат Германија за напливот на мигранти коишто се обидуваат да влезат во континентот. Германија станува се` пофрустрирана од некои членки на ЕУ, кои не сакаат да го споделат товарот од бранот бегалци.

Германскиот заменик-канцелар Сигмар Габриел, изјави дека годинава Германија би можела да прими околу еден милион бегалци, а канцеларката Ангела Меркел соопшти дека нејзината земја е подготвена за 800.000 мигранти. Од викендов пак, Германија привремено повторно воведе пасошка контрола на границата со Австрија за да го ограничи напливот на бегалци и мигранти.

XS
SM
MD
LG