Агенцијата за миграција на Обединетите нации, по повод денешниот Меѓународен ден на мигрантите, ги повикаа државите да ги третираат овие лица со достоинство, почит и како придобивка за заедниците.
Околу 150 милиони луѓе мигрирале во 2000-та година, а сега 18 години подоцна оваа бројка изнесува 258 милиони мигранти.
Многумина мигрираат поради економски причини, некои бегаат од насилство, а според ОН околу 40 милиони луѓе се раселени поради конфликт.
Директорот на Организацијата за миграција Антонио Виторино вели дека повеќето од овие лица не сакаат да ги напуштат нивните домови, но, се принудени да го направат тоа поради околностите кои се надвор од контрола, како што се природните катастрофи.
Facebook Forum