Линкови за пристапност

Итен состанок во Брисел за мигрантската криза


Првиот човек на Европската комисија, Јункер истакна дека има потреба од поголема соработка меѓу земјите погодени од бранот бегалци и мигранти.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер свика итен состанок за лидерите на ЕУ и Балканот за начините за справување со продолжителната мигрантска криза. Илјадници мигранти и натаму го напуштаат Блискиот Исток и Африка и бегаат кон земјите од Западниот Балкан.

Јункер истакна дека има потреба од поголема соработка меѓу земјите погодени од бранот бегалци и мигранти. Тој додаде дека ги поканил шефовите на држави и влади од 10 земји-членки на Унијата, како и од Македонија и Србија.

На состанокот се поканети и претставници на Агенцијата за бегалци на ОН.

XS
SM
MD
LG