Линкови за пристапност

Продолжува бранот бегалците кон Западна Европа


Ситуацијата со нив во Унгарија сега е олеснета и возовите заминуваат за Виена, но крајна дестинација е Германија.

Бранот бегалци во Европа продолжува и денеска. Минувањето низ Унгарија се одвива без проблеми споредено со минатата недела кога оваа Централно-европска земја изгледаше како да е подготвена да ги спречи мигрантите да влезат во богатите западните европски нации.

Полицијата на главната железничка станица во Будимпешта ги пропушта бегалците да се качат на воз за Австрија. Минатата недела полицијата со солзавец ги растеруваше мигрантите кои сакаа да заминат за Виена, и го отежнуваше нивното патешетвие.

Еден набљудувач рече дека возовите за Австрија „сега се полни“ со мигранти.

Многу малку мигранти остануваат во Австрија. Повеќето од нив, имаат роднини во Германија, кои веќе ги чекаат да ги прифатат.

Најбогатата земја во ЕУ, Германија, одвои дополнителни 6,6 милијарди долари за интегрирање на бегалците во германското оппштество. Берлин најави дека е подготвен да прифати 800.000 мигранти.

XS
SM
MD
LG