Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, соопшти дека мигранитте кои минуваат низ Балканот, имаат очајна потреба од основни хуманитарни услуги и поддршка.
Од јануари, наваму, преку 5.600 лица стигнале до Босна и Херцеговина, споредено со само 754 во текот на изминатата година.
Претставник на Црвениот крст, кажа дека федерацијата во овој регион прави се` што е во нејзина можност, за да им помогне на овие луѓе и дека 100-тина од нејзините волонтери во северозападна Босна, секојдневно опслужуваат топли оброци.
Facebook Forum