Министрите за надворешни работи на Унгарија, Чешката Република, Полска и Словачка се состанаа со министрите за надворешни работи на Германија и Луксембург. Двете западни земји се обидоа да ги убедат помалку богатите држави – членки на Унијата, да го прифатат договорот. Сепак, чешкиот министер за надворешни работи Љубомир Заоралек истакна дека земјите треба да имаат контрола околу тоа колку бегалци можат да преземат.
Илјадници мигранти пешки се упатуваат кон Австрија од Унгарија, додека железничката врска со Виена е и натаму попречена.
Во меѓувреме, САД го зголемија бројот на мигранти коишто би биле подготвени да ги прифатат на 10.000, додавајќи дека ќе ја интензивираат и хуманитарната помош за сириските бегалци.