Група до повеќе од 60 лидери од Африка и од Европската Унија се среќаваат денеска и утре во Малта во обид да го подобрат нивниот одговор на мигрантската криза која донесе стотици илјади луѓе во Европа годинава.
ЕУ соопшти дека самитот ќе биде фокусиран на разгледување на причините зошто луѓето заминуваат од нивните домови, но и ќе расправаат за подобро организирање на каналите на легална миграција, зајакнување на заштитата за мигрантите, битката со трговците со луѓе и подобрување на соработката со африканските нации за лицата кои не се квалификуваат за азил.
Како дел од напорите, Европа нуди 1,8 милијарди долари нова помош за африканските држави. Но, критичарите го покренуваат прашањето за одговорот на Европа, истакнувајќи дека ЕУ се обидува да ги распореди мигрантите во држави кои имаат проблеми со почитувањето на основните човекови права и имаат недостиг од економски можности.
Околу 800.000 луѓе стасаа до Европа по морски пат годинава. Тоа е четирикатно зголемување на бројката споредено со 2014-та, според Меѓународната организација за миграција. Досега повеќе од 3.400 лица го загубија животот на опасното патешествие.