Линкови за пристапност

Караванот мигранти продолжи кон Мексико Сити, и покрај пораките на Трамп


Претседателот нагласи дека распоредувањето војска на американската граница значи дека САД не „играат игри“ околу ова прашање

Голема група мигранти од државите од Централна Америка, кои одат пеш кон САД, одбраа да го продолжат нивното патување од Кордоба за да стигнат до Мексико Сити денес.

Тие одлучија да пешачат за да ја поминат најкратката рута од Кордоба, што е на повеќе од 280 километри од главниот град на Мексико.

Тие го продолжија патот откако караванот мигранти претходно стигна во Кордоба, по 200 километри патување низ државата Веракрус, која што претставува закана по живот за мигрантите изминативе години, најчесто поради киднапирања.

Караван со околу 4.000 мигранти се` уште е во Веракрус, што е стотици километри далеку од најблискиот американски граничен премин.

Во меѓувреме, мигрантските каравани од Централна Америка беа во фокус на обраќањата и на претседателот Доналд Трамп и на поранешниот претседател Барак Обама, на политичките митинзи пред утрешните делумни конгресни избори.

Трамп им порача на мигрантите да се вратат назад навреме, доколку не планираат да влезат во САД на легален начин.

Тој нагласи дека распоредувањето војска на американската граница значи дека САД не „играат игри“ околу ова прашање.

Обама, пак, го критикуваше верувањето на Трамп дека мигрантите се закана за државата.

Претходно, државниот секретар на САД Мајк Помпео рече дека испраќањето војници на границата со Мексико не е поврзано со зголемување на рејтингот на републиканците пред изборите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG