Линкови за пристапност

Трамп стравува дека караванот мигранти е напад на САД


Обраќајки се вчера на политички митинг во Хјустон, Тексас, рече дека некои во караванот може да претставуваат опасност за безбедноста

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека караванот мигранти кој се доближува до јужната граница со Мексико претставува напад на државата.

Обраќајки се вчера на политички митинг во Хјустон, Тексас, Трамп рече дека некои во караванот може да претставуваат опасност за безбедноста.

„Овој караван е напад на државата. Во него има некои многу лоши луѓе, и не смееме да дозволиме тоа да и` се случи на нашата држава“, рече Трамп.

Тој кажа дека за ова зборувал со гувернерот на Тексас Грег Абот, нагласувајќи дека Тексас ќе изгради „друг вид на ѕид“ за да го спречи нивниот влез. Тој не кажа детали како тоа ќе се случи.

Трамп, исто така, изјави дека САД ќе почнат да ја намалуваат странската помош за Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор, од каде нелегално доаѓаат овие лица.

Две недели пред конгресните избори, Трамп повторно ги обвини демократите за најновата мигрантска криза на границата со Мексико.

Избраниот претседател на Мексико Андрес Мануел Обрадор рече дека ќе му испрати писмо на Трамп, во кое ќе предложи Мексико, САД и Канада да работат заедно во Централна Америка, со цел да направат напредок и да се справат со сиромаштијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG