Мигрантите од централно-американските држави се на пат кон САД, понекогаш со помош на возачи кои што патуваат на север.
Во неделата караванот пристигна во Ирапуато, град на околу 100 километри северно од Куеретаро, каде што групата ја помина ноќта во саботата.
Иако мексиканските власти не овозможуваат превоз за мигрантите, полицијата им помага да најдат возила за да продолжат понатаму.
Властатите на Куеретаро преку Твитер упатија порака дека таму помеѓу петокот и саботата поминале 6.531 мигрант, при што 5.771 мигрант во неделата наутро заминале од засолништата каде што престојувале.
Караванот е на оддалеченост од над 2.500 киломтери од американската граница.
Многумина од мигрантите кои со седмици по патиштата, велат дека биле присилени да ги напуштат своите земји поради глад, насилство и политичка нестабилност.
Најголем дел се од Хондурас, Гватемала, Ел Салвадор и Никарагва.
Мигрантскиот караван стана актуелно прашање во кампањата за американските конгресни избори, а претседателот Доналд Трамп нареди распоредување на над 5.000 војници на границата за да спречи мигрантите да влезат во САД.
Facebook Forum