Линкови за пристапност

Уапсени околу 700 недокументирани имигранти во Мисисипи


Мнозинството од нив се од Латинска Америка

Речиси 700 недокументирани имигранти се уапсени во погони за преработка на храна во сојузната држава Мисисипи, најголема операција од ваков тип во САД изминативе десет години.

Очевидци велат дека нивните пријатели и роднини барале од федералните агенти да ги пуштат, додавајќи дека некои од нив се обиделе да избегаат пред да бидат фатени.

Мнозинството од приведените, или 680 се од Латинска Америка.

Имиграционите и гранични агенти велат дека лицата биле однесени во воена база, од каде ќе треба да се спроведат понатаму.

На некои од нив им се ставени и електронски монитори на зглобовите, додека чекаат да се појават во суд.

Ниту една од компаниите за храна не ја искоментира рацијата.

Претседателот на САД Доналд Трамп минатиот месец најави серија на рации низ државата при кои, нагласи тој, се очекува да бидат упасени илјадници илегални имигранти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG