Линкови за пристапност

Демократите навестија крај на поделбите; Трамп задоволен со Сенатот


Острата реторика на претседателот за време на кампањата мотивирала гласачи на двете страни, сметаат аналитичарите

Во седиштето на Демократската партија во Вашингтон, лидерката Ненси Пелоси прогласи нов ден во главниот град на САД.

„Ќе имаме одговорност да најдеме заедничко решение каде ќе можеме, и да отстапиме каде нема да можеме. Но, мора да се обидеме. Демократскиот Конгрес ќе работи на решенија да не` обедини, бидејќи на сите ни е доста од поделби“, изјави Пелоси.

Таа сега е на пат да биде следен спикер на Претставничкиот дом, благодарение на демократите како Џенифер Векстон, која успее да го земе републиканското место во Претставничкиот дом од Вирџинија.

„Уште на почетокот на кампањата реков дека доаѓаат промени во Америка, и оти промени ќе дојдат во десетиот конгресен дистрикт во Вирџинија. Тоа се случи“, рече Векстон.

Републиканците, пак, го зголемија нивното мнозинство во Сенатот, со поразот на демократските сенатори во Северна Дакота, Мисури и Индијана, каде победи републиканецот Мајк Браун.

„Ние сме конзервативци, предводени од претседателот Доналд Трамп. Ќе треба да докажеме, зошто она што функционира во Индијана ќе биде добро за целата држава“, најави Браун.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека претседателот Трамп е здоволен оти републиканците ја задржале контролата во Сенатот.

„Повеќето од кандидатите кои ги поддржа претседателот поминаа многу добро. На крајот од денот, претседателот ќе работи со кој било што ќе дојде на функција“, истакна Сандерс.

Острата реторика на Трамп за време на кампањата мотивираше гласачи на двете страни, вели аналитичарката Ребека Гил.

„На некој начин ги подели граѓаните, и доби повеќе ангажирани луѓе на двете страни“, смета Гил.

Тоа е очигледно со овој поддржувач на Трамп во Калифорнија.

„Се согласувам со многу работи што тој ги направи, иако не со сите. Мислам дека работи во најдобар интерес за државата, дома и надвор од нејзините граници“, вели Томас Весли, поддржувач на Трамп.

А еве што вели критичар на Трамп од Њујорк.

„Се надеваме дека тој е само лош сон, од кој почнавме да се будиме. Сега со преземање контрола во Претставничкиот дом, а за две години со преземање на Сенатот и Белата куќа“, изјави тој.

Како и да е, Трамп беше клучен фактор за двете страни, смета аналитичарката Капри Кафаро.

Постои ентузијазам на двете страни. Мислам дека видовме тесни трки насекаде во државата. Речиси подеднакви можности“, верува таа.

Трамп и демократите сега се соочуваат со ново прашање - дали ќе можат да работат заедно, земајќи предвид дека и двете страни почнаа да се подготвуваат за претседателската трка за две години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG