Линкови за пристапност

Обама ги поттикнува Израел и Палестинците да разговараат


Обама го даде апелот во четврток, на заедничка прес конференција со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала

Американскиот претседател Барак Обама ги повика Израелците и Палестинците да започнат мировни разговори по главните прашања за нивниот конфликт без чекање тие прашања да бидат претходно решени.

Обама го даде апелот во четврток, на заедничка прес конференција со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала, најновото застанување на неговата прва претседателска посета на Израел и Западниот брег.

Обама кажа „нема поента во преговарање“ ако која било од страните вели дека ќе има разговори само ако „се` биде договорено предвреме.“

Абас повеќе пати кажал дека нема да влезе во преговори додека Израел не запре со активностите во населбите на Западниот брег и изградба домови во Источен Ерусалим, две области за кои тврди дека се дел од Палестинската држава. Израелскиот премиер Нетанјаху долго бара Абас да продолжи со директни преговори без предуслови.

Порано во четврток, израелската полиција кажа дека милитанти во Газа под контрола на Хамас испукале две ракети во јужен Израел, нанесувајќи штета на двор на куќа но нема повредени.
XS
SM
MD
LG